Русија распореди балистички ракети „Јарс“ на борбени патролни рути

Од:

Русија распореди автономни фрлачи на „РС-24 Јарс“ – интерконтинентални балистички ракети (ИЦБМ), кои можат да бидат вооружени со нуклеарни боеви глави.

Како што објави руското Министерство за одбрана, ракетите „Јарс“ се распоредени „на борбени патролни рути“.

Распоредувањето на интерконтиненталните балистички ракети „Јарс“ за време на вежбите укажува на тоа дека Русија би можела дополнително да го ескалира конфликтот со Украина, поткопувајќи ги мировните преговори со САД, објави „Њузвик“.

Се наведува и дека Кремљ го има најголемиот арсенал на нуклеарно оружје во светот, веднаш пред САД, а употребата на ракетите ICBM, кои всушност се стратешко нуклеарно оружје, може да предизвика огромна штета и да заземе поголема територија.

Би можело да ве интересира

Примирјето во Украина започнува денес

Русија испраќа повеќе спасувачи во Дагестан

Рјабков: Русија нема намера да ја напушти Западната хемисфера

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток