Русија повеќе не е членка на Конвенцијата за човекови права

Од:

Руската Федерација од денеска повеќе не е членка на Европската конвенција за човекови права, согласно Резолуцијата на Советот на Европа, соопшти денеска Европскиот суд за човекови права.

Во соопштението се потсетува дека Резолуцијата за престанок на членството на Русија во Советот на Европа беше усвоена од Советот на министри на 16 март. За решавање, велат, остануваат претставките испратени против Руската Федерација во врска со дејствија или пропусти кои можат да претставуваат повреда на Конвенцијата, под услов да се случиле пред 16 септември.

На 5 септември, пленарната седница на Судот формално го зеде предвид фактот дека Русија престанува да биде договорна страна на Конвенцијата. Во врска со ова, канцеларијата на Судот во однос на Руската Федерација исто така престанува да работи. Во моментов има 17.450 претставки против Руската Федерација пред Европскиот суд, се додава во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски