Русија почна со производство на вакцина против Ковид-19

Од:

Русија почна со производство на вакцина против вирусот „Kовид-19“, јавиja денеска руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за здравство.

Русија соопшти дека вакцината што ја разви московскиот институт „Гамалеја“ е прва што се произведува во светот. Треба да биде на пазарот на крајот на месецот. Научници нагласија дека стравуваат дека Москва го ставила националниот престиж пред безбедноста.

Шефот на рускиот Инвестициски фонд, Кирил Дмитриев, потенцира дека 20 држави веќе порачале повеќе од милијарда дози.

Вакцината се планира да се аплицира во две фази: првично со компонента I и три недели подоцна со компонента II. Според здравствениот оддел, таа шема ќе обезбеди долгорочен имунитет до две години.

Би можело да ве интересира

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски