Русија планира да продолжи да испраќа хуманитарна помош за југоисточна Украина

Од:

Руското Министерство за наворешни работи даде позитивна оценка за ставот на Црвениот крст, кој ја потврдил својата подготвеност да ги поддржува и проширува своето присуство и активностите во Луганската област во Украина.

– Меѓународниот комитет на Црвениот крст се покажа како одговорен партнер. Во денешната променета ситуација МКЦК ја потврдува својата подготвеност да ги одржува и проширува своето присуство и активностите во Луганската област, се наведува во соопштението на Министерството.

Руското МНР истакна дека добило голем број пораки од жителите на Луганск со благодарност за „доброто однесување на Русија“.

Рускиот конвој вчера достави хуманитарна помош во Луганск, еден од сепаратистичките центри во источна Украина. Според руското МНР 262 камиони доставиле основни прехранбени продукти, вода, шатори, лекови и медицинска опрема.

Руското МНР соопшти дека планира да ја продолжи соработката со МКЦК за хуманитарна помош на луѓето во југоисточна Украина.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава ФОТО

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци