Русија: Овој ден ќе влезе во историјата, го уништивме Западот без да испукаме куршум

Од:

Некои војници во руските воени области во соседството на Украина се враќаат во базите по завршувањето на вежбите, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Руската новинска агенција Интерфакс го цитираше министерството дека иако продолжуваат големите вежби низ земјата, некои единици на јужниот и западниот воен округ ги завршија своите вежби и почнаа да се враќаат во базите.

„Руските вооружени сили ја продолжуваат серијата големи вежби за оперативна обука на војниците и силите. Учествуваат практично сите воени области, флоти и воздушни единици“, соопшти Министерството.

Според шефот на московската канцеларија на Фајненшл тајмс ова е знак на деескалација.

Се огласи и руското Министерство за надворешни работи.

„Портпаролката Марија Захарова на социјалните мрежи напиша: „15 февруари 2022 година ќе влезе во историјата како ден кога пропадна западната воена пропаганда. Беа обесчестени и уништени без ниту еден испукан куршум“.

Објавена е и снимка од враќањето на тенковите во базата, за кои Русија тврди дека се доказ за повлекување на руската армија.

Би можело да ве интересира

Лукашенко: Ако Белорусија треба да избере, ќе застане на страната на Русија

Русија негира дека Келог бил исфрлен од преговорите на нивно барање

Русија: Продолжуваме со брз напредок во Курск

Руте повика на нормализација на односите со Русија

САД тајно ги заоструваат санкциите против Русија

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот покажуваат дека сакаат војната да продолжи