Русија отфрла било каква вина за новото труење кај Солсбери

Од:

Руската амбасада во Холандија, која е задолжена за соработка со Организацијата за забрана на хемиското оружје (ОПЦВ), преку Твитер порача дека ги отфрли обвиненијата оти новиот случај на труење на двајца Британци кај Солсбери е предизвикан од руски нервен отров.

– Колку глупави мислат дека е Русија за „повторно“ да го употреби таканаречениот отров „новичок“ и тоа за време на Светското превенство во фудбал? Шоуто мора да продолжи?, обвини руската амбасада.

Маж и жена идентификувани како Џоан Старџис и Чарли Роули беа пронајдени во бессознание во саботата во близина на Солсбери и се смета дека биле во допир со преостанати количества од отровот „новичок“.

Британското контраразузнавање потврди дека повредите на Старџис и Роули се предизвикани од овој отров.

Пребегнатиот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во март беа затруени од овој отров во Солсбери, но го преживеаа нападот за кој Велика Британија ја обвини Русија. Русија целосно негираше вмешаност.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје