Русија: Оружје во вселената би поткопало глобална стабилност

Од:

Распоредување оружје во вселената мора да се забрани бидејќи ја нарушува глобалната стабилност оти цел може да бидат кои било места во светот во кој било момент, предупредува руската делегација на Конференцијата за разоружување во Женева.

Опасноста тоа да стане реалност сега е поголема поради научниот и технолошки развој, наведе руски претставник.

Руската делегација го потенцира нацрт-договорот предложен лани од Русија и Кина.

– Тоа не е готов рецепт туку повик заедно да работиме на негов иден развој, нагласи руската делегација укажувајќи дека е важно да се искористи времето кога во вселената се уште нема оружје да се отпочне со суштинска работа врз тој текст.

Дел од вселенските активности се регулирани со меѓународна регулатива за закон за вселената како и со низа договори за нуклеарно разоружување и забрана за нуклеарни проби. Но, со тие правни рамки не се опфатени сите типови оружје, наведуваат руски медиуми.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски