Русија: Оружје на НАТО е користено во нападот на Киев на Белгород

Од:

Во последниот напад на Белгород, Киев користел оружје испорачано од земјите на НАТО, се вели во коментарот на постојаната мисија на Русија во Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

„Денешниот брутален терористички напад на режимот во Киев врз мирните населби на Белгород, во кој беа повредени десетици луѓе, беше извршен со оружје испорачано од земјите на НАТО“, се вели во соопштението.

Во соопштението се наведува дека Русија бара од раководството на ОБСЕ најостро да го осуди криминалниот напад на украинските вооружени сили врз Белгород.

„Бараме од раководството на ОБСЕ да ги осуди злосторствата што е можно построго. Неприфатливо е отворено да се игнорираат руските цивилни жртви – без разлика дали во Белгород, Донбас или на друго место. ОБСЕ не треба да има двојни стандарди и политички филтри кога станува збор за очигледните брутални прекршувања на меѓународното хуманитарно право од режимот во Киев“, се вели во соопштението, пренесува Спутник.

Во украинското гранатирање на Белгород во неделата наутро се урна целиот влез на катна зграда. Во нападот се повредени 19 лица.

Би можело да ве интересира

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Треба привремена администрација во Украина под покровителство на ОН, САД или европските земји

Зеленски: Украина е силна земја која навистина сака мир

Зеленски: Руските услови за прекин на огнот во Црното Море се нереални

Украина: Русите во Саудиска Арабија одбија да преговараат за запирање на нападите врз цивили

Украина го обвинува главниот пропагандист на Путин за поттикнување геноцид