Земјите на НАТО испраќаат обучени војници во Украина под превезот на воени инструктори, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за ТВ каналот „Крим 24“.
„Регионот, самата Украина, се полни со оружје. Зборуваме за директни набавки. Зборуваме за договори за иднината, а тоа се договори за милиони долари, многу милијарди вкупно. Зборуваме за трансфер на искусни војници под маската дека се инструктори на украинската армија“, предупреди Захарова.
Претходно, портпаролот на претседателот на Руската Федерација, Дмитриј Песков изјави дека „Русија е крајно загриж ена поради можното распоредување на западни трупи во Украина и таа ситуација ја принудува Москва да преземе мерки за заштита на своите интереси“.