Русија: Нуклеарната централа Запорожје е наша и точка

Од:

Нуклеарната централа Запорожје е руски нуклеарен капацитет и предавањето на контролата над неа на Украина или на која било друга земја е невозможно, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Враќањето на станицата во руската нуклеарна индустрија е одамна задоцнета работа која меѓународната заедница може само да ја препознае“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Заедничката експлоатација на нуклеарната централа Запорожје со која било земја е неприфатлива, нагласи дипломатската служба.

Разузнавачките агенции на НАТО поседуваат диверзантски потенцијал, што ги спречува претставниците на овие земји привремено да пристапат до нуклеарната централа Запорожје, пренесува Спутник.

Вработените во нуклеарната централа Запорожје се државјани на Руската Федерација и со нивните животи не може да се игра, особено ако се земат предвид злосторствата на украинските вооружени сили, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Примирјето во Украина започнува денес

Русија испраќа повеќе спасувачи во Дагестан

Рјабков: Русија нема намера да ја напушти Западната хемисфера

Буданов: Не можеме да си дозволиме да ги запреме нападите додека трае војната

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Украина: Руските сателити му помогнаа на Иран да избере цели на Блискиот Исток