Русија нема да учествува во копнени операции во Сирија

Од:

Русија нема да учествува во копнени операции од каков било вид во Сирија, а Москва е подготвена да соработува со сите држави заинтересирани за уништување на терористичката група Исламска држава, изјави претседателката на Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на федерацијата, Валентина Матвијенко.

– Нема да учествуваме во копнени операции од кој било вид, а подготвени сме да соработуваме со сите земји во заедничките напори против глобалното зло – тероризмот, истакна Матвијенко, по состанокот со претседателот на јорданскиот Совет на Парламентот, Абделрауф ал Равабдех.

Матвијенко потсети dека Русија, Ирак, Сирија и Иран формираа коoрдинативен центар, наведувајќи дека е „невозможно да води борба против ИД и да се уништи без соработка“.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин