Русија не потврдува дека Сирија користи касетни бомби од руско производство

Од:

Русија не потврдува изјави на меѓународни невладини организации дека владината армија во Сирија користи касетни бомби од руско производство, јавија руски медиуми пренесувајќи изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„На Блискиот исток има многу нелегално оружје и често е тешко да се докаже од каде е тоа. Тој регион е полн со оружје. Тоа сега се внесува и во Сирија и во други држави во огромни количини и нелегално“, изјави Лавров.

Организацијата Хјуман рајтс воч соопшти дека има нови докази дека сириската армија  користела во изминатите денови касетни бомби. Голем дел од нападите биле извршени близу градот Мааран ал Нуман, кој се наоѓа на главниот пат од дамаск за Алепо каде минатата недела се водеа жестоки судири меѓу владините сили и бунтовниците.

На сајтот на организацијата беа поставени 18 видео-клипови испратени од сириски активисти меѓу 9 и 12 октомври во кои се гледаат остатоци од касетни бомби во различни провинции – Идлиб, Хомс, Тел Рифаат, Алепо,  Латакија и околина на Дамаск.

Локални жители со кои разговарале од невладини органзиации тврдат дека воени хеликоптери им ги бомбардирале градовите со касетни бомби.

Би можело да ве интересира

Дугин: Колективниот запад се дели на два дела!

А1он

Хегсет: Америка ги суспендира операциите против Русија

Руски медиуми: На Зеленски не му бега Гвантанамо

А1он

Спречен терористички напад врз митрополитот Тихон во Москва

Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 200 дронови

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба