Русија: Не ја гаѓавме катедралата во Одеса

Од:

Министерството за одбрана на Русија денеска ги отфрли тврдењата дека цел на нападот во Одеса била историската православна катедрала, која била уништена во ракетен напад. „Информациите што ги пренесе режимот во Киев за резултатот од употребата на прецизно оружје на катедралата „Преображение“ во градот Одеса не се точни“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Тие рекоа дека ги планирале нападите „врз основа на внимателно проверени и потврдени информации преку неколку канали, намерно исклучувајќи го таргетирањето на цивилни објекти во кои се сместени цивили, како и места на културно и историско наследство“.

Најмалку едно лице загина како резултат на нападот, додека 22 цивили, меѓу кои три деца, се повредени во синоќешниот напад на Одеса. Според последните информации, еден ранет седумнаесетгодишник е во тешка состојба на интензивна нега.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски