Русија може да распореди во Киргистан уште една воена база

Од:

На јужната граница на Киргистан, особено покрај границата со Таџикистан се појави тензична ситуација во сферата на безбедноста, откако Русија најави дека во регионот може да распореди уште една воена база, изјави денеска киргистанскиот претседател Алмазбек Атамбаев, јави ТАСС.

– Одлуката сепак ќе биде донесена од Русија, таа треба да формира став, а за целта ќе бидат потребни многу финансиски средства, рече Атамбаев.

Претседателот увери дека не стравува во Киргистан да ги покани руските воени сили.

– Русија нема територијални претензии кон Киргистан, бидејќи има своја земја на голема територија, додаде тој.

Атамбаев нагласи дека Русија активно ја помага киргистанската армија.

Би можело да ве интересира

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“