Русија ќе почне да ја испорачува вакцината „Спутник V“ во септември

Од:

Големите испораки на вакцината против коронавирус „Спутник V“ ќе почне кон крајот на септември, изјави денеска рускиот министер за здравство Михаил Мурашко.

– Во однос на вакцинацијата против коронавирусот, во тек е зголемување на производството и надзорот во пост-регистрација. Пред се, се разбира, вакцината ќе биде доставена до медицински работници и педагозите. Вакцинацијата ќе биде апсолутно доброволна. Првите испораки на големи пратки ќе започнат во септември, рече министерот.

Мурашко додаде дека уште неколку вакцини против коронавирусот се во фаза на клинички тестови или регистрација.

– Затоа мислам дека ќе го достигнеме максималното производство во ноември-декември. Ќе мора да ги раздвоиме имунизациите против грипот и коронатавирусот, заклучи министерот.

Мурашко објави дека повеќе од 2.500 од 40.000 доброволци веќе се пријавиле да учествуваат во третата фаза на тестирање на вакцината „Спутник V“, која на почетокот на месецот беше регистрирана како прва во светот против коронавирусот. Вакцината мина две фази на тестирање и претстои трета.

Рускиот министер уште најави дека вакцинизацијата на ризичните групи во Русија ќе почне во периодот ноември-декември. с

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз

Макрон: Ако Русија продолжи да го одложува и одбива мирот, мора да следи решителна акција

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

ФСБ уапси државјанин на Руската Федерација под сомнение за предавство