Русија: Ќе го обновиме договорот за извоз на жито, но за 60 дена

Од:

Договорот што овозможува безбеден извоз на жито од пристаништата на Украина во Црното Море автоматски ќе биде продолжен по 18 март доколку нема забелешки од инволвираните страни, објави руската државна новинска агенција ТАСС. Повикувајќи се на неименуван извор запознаен со деталите од преговорите за договорот, ТАСС објави дека ниту една од инволвираните страни се уште не објавила повлекување.

Во понеделникот Русија предложи обновување на договорот со кој се овозможува безбеден извоз на жито од пристаништата на Украина во Црното Море, но само за 60 дена, што е половина од периодот од претходниот рок. ОН ветија дека ќе направат се што е можно за да се обезбеди интегритетот на договорот.

„Доколку страните немаат забелешки, договорот ќе продолжи и по 18 март“, изјави изворот на ТАСС.

Изворот рече дека должината на продолжувањето не е важна.

„Доколку договорот биде продолжен за 60 дена, тој продолжува по 18 март, додека по 60 дена една од страните може да го постави прашањето за негово раскинување“, додаде тој.

Прашањето за (не)обновување на договорот се одрази на цените на пченката и пченицата на пазарите.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната