Русија ќе го евакуира персоналот од Амбасадата во Украина

Од:

Русија ќе го евакуира персоналот од Амбасадата во Украина бидејќи ескалира заканата од војна во регионот, соопшти Министерството за надворешни работи во Москва.

– Со цел заштита на нивниот живот и безбедност, руското раководство донесе одлука за евакуација на персоналот на руските дипломатски канцеларии во Украина, се вели во соопштението во кое се додава дека евакуацијата ќе се случи „во блиска иднина“.

Оваа одлука се однесува на персоналот во амбасадата во Киев и на руските конзулати на други места во земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Трамп: Наскоро ќе потпишеме договор за минерали со Украина кои имаат огромна вредност

Киевските сили се обидуваат да пробијат четири населени места во близина на границата

Шојгу: Изјавата на Макрон за заштита на ЕУ со нуклеарно оружје е закана за целиот свет

ЕУ: Зајакнување на напорите за решавање на воените и одбранбените потреби на Украина

Зеленски: Трамп не го покрена прашањето за окупираниот Крим и неговото признавање

Лами: Путин мора да прифати безусловен прекин на огнот