Русија, Кина, САД и Пакистан одржаа видео консултации за Авганистан и се согласија да дадат се од себе за да ја забрзаат размената на воени затвореници меѓу Кабул и движењето на Талибанците.
– Процесот на размена е во тек. Се одвива побавно отколку што би сакале, но тој продолжува и сега има потреба од прелиминарна дискусија за натамошните чекори, изјави за ТАСС, претставникот на руското Министерство за надворешни работи, Замир Кабулов.
Русија, Кина и САД беа застапени на консултациите од специјалните пратеници, а Пакистан од заменикот министер за надворешни работи.
САД и Талибанците потпишаа мировен договор во Доха на 29 февруари, со кој Вашингтон, неговите сојузници и коалицијата ветија дека ќе ги повлечат своите сили од Авганистан во рок од 14 месеци.
Талибанците ветија дека нема да ја користат авганистанската територија за активности што ја загрозуваат безбедноста на САД и нивните сојузници.
Во рами на тој договор, ќе бидат ослободени 5.000 приврзаници на Талибанците и до 1.000 талибанци кои сега се во заробеништво.