Русија ја заштити Северна Кореја, го одложи извештајот на ОН

Од:

Русија го пролонгира извештајот на експертите на Обединети нации, кои тврдат дека Северна Кореја ги крши санкциите на Обединети нации со тоа што не ги укина своите нуклеарни и ракетни програми.

Во извештајот на ОН се тврди дека Пјонгјанг „масовно го зголемува незаконскиот транспорт на нафтени деривати од брод на брод“.

Амбасадорот на Русија во ОН, Василиј Небензја, по состанокот на Советот за безбедност на ОН за извештајот, истакна дека ја блокирал неговата објава „бидејќи Русија не се согласува со одредени елементи од извештајот“.

Тој додаде дека Русија побара истрага за редвното „протекување“ на извештаите за Северна Кореја во медиумите.

Британската амбасадорка во ОН, Карен Пирс, која во моментот претседава со СБ на ОН, најави дека денеска ќе бидат одржани неформални консултации за руските приговори.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица