Русија ја предупреди Турција за можни последици по инцидентот во Егејско Море

Од:

Турски воен дипломат денеска е предупреден на можни катастрофални последици на неразумните акции на официјална Анкара кон рускиот воен контингент, што извршува задачи во борба со меѓународниот тероризам во Сирија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Воениот и воено-поморски аташе при Амбасадата на Турција во Москва, вицеадмирал Ахмет Гунеш бил итно повикан во Министерството за одбрана на разговор со заменикот министер за одбрана Анатолиј Антонов, соопшти прес-службата на воениот ресор на Русија.

– Меѓу другото, изразена е длабока загриженост за уште една во низата провокации од турска страна кон рускиот патролен брод „Сметливи“ во Егејско Море, кој како предупредување за можен судар со турскиот брод „Гечицилер Балик Чилик“ бил принуден да отвори оган од лесно вооружување на растојание што гарантира непогодување на турскиот брод, се наведува во соопштението на руското министерство.

Според руското Министерство, турскиот дипломат Ахмет Гунеш изразил уверување дека итно ќе ја предупреди Анкара за рускиот став.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски