Русија: Извештајот на ОН за нападот со сарин во Хан Шејхун е „површен“ и „аматерски“

Од:

Русија денеска го критикуваше извештајот на Обединети нации од 26 октомври, во кој Организацијата за забрана на хемиски оружја го обвинува режимот во Дамаск, сојузник на Москва за нападот со гасот сарин во сирискиот град Хан Шејхун, што се случи на 4 април годинава.

Москва извештајот го оквалификува како „површен“ и „аматерски“, истакнувајќи дека наведеното во него „не влева доверба“.

– Оценуваме дека извештајот е прилично површен, целосно непрофесионален и аматерски, наведе Михаил Улјанов, директорот на Одделот против ширење и контрола на оружјето при руското Министерство за надворешни работи.

Улјанов истакна дека, мисијата на ОН ја извршила истрагата од растојание, ништо повеќе од тоа, што е скандалозно.

– Неслучајно речиси на секоја страница во извештајот се забележуваат зборови како „возможно“, „веројатно“, „може да се претпостави“ и „наскоро“, што е целосно недозволиво за извештај со тврдење дека е солиден и целосно проверен, нагласи директорот на Одделот за против ширење и контрола на оружјето при руското Министерство за надворешни работи.

Тој наведе дека, почесно би било да се информира Советот за безбедност дека при сегашните услови заедничката мисија не е во состојба да спроведе квалитетна истрага.

– Сириската авијација „технички“ не би можела да го нападна Хан Шејхун, бидејќи авионите „Су-22“, за кои се тврди дека со нив бил извршен нападот, во тоа време биле на повеќе од пет килоетри од местото, објасни Улјанов, изразувајќи жалење оти можните сценарија за тоа што се случило, направени од страна на Русија, целосно биле игнорирани.

Во извештајот, експертите на ОН и Организацијата за забрана на хемиски оружја изразија убеденост, дека одговорна за употребата на сарин во Хан Шејхун на 4 април е сириската војска.

Само еден ден по објавувањето на извештајот Москва ги критикуваше „несогласувањата“ и „сомнителните сведоштва“ во него, наведувајќи дека подоцна ќе презентира подетална анализа.

Русија тврди дека саринот што беше пронајден во Хан Шејхун е од експлозија на проектил на земја, а не од сириски воздушен напад.

Дамаск негира дека има врска со нападот, посочувајќи дека извештајот на ОН ја „искривува вистината“.

При нападот во Хан Шејхун, што се наоѓа во сириската провинција Идлиб, загинаа 83 лица, вклучително и 30 деца.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Судбината на 194 земји не може да се остави во рацете на пет земји

Предраг Петровиќ

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он