Русија издаде потерница по шефот на Меѓународниот кривичен суд

Од:

Русија објави дека распишала налог за апсење на Пјотр Хофмански, претседателот на Меѓународниот кривичен суд, кој бара апсење на претседателот Владимир Путин.

„Хофмански Пјотр Јозеф, Полјак. Се бара по член од Кривичниот законик на Руската Федерација“, се вели во известувањето во базата на податоци на руското Министерство за внатрешни работи. Министерството не објави детали за обвиненијата против Хофмански.

Во март, судот со седиште во Хаг издаде налог за апсење на Путин под обвинение за воено злосторство за незаконско депортирање на украински деца. МКС, исто така, издаде потерница против Марија Лвова-Белова, рускиот претседателски комесар за правата на децата, поради слични наводи.

Русија претходно издаде налози за апсење на обвинителот на МКС Карим Кан и неколку судии. Русија, која не е членка на МКС, инсистира на тоа дека налогот за апсење на Путин е „ништовен“.

Би можело да ве интересира

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија

Русија не го прифаќа примирјето што го договорија САД и Украина

Катерина Ѓуровски

Русите објавија фотографии: зазедовме клучен град во областа Курс

Захарова: Ако странските сили дојдат во Украина, ќе одговориме со сите расположливи средства