Русија испрати воен авион кон американски брод во Црно Море

Од:

Руски воен авион полета во правец на американски воен брод, кој дејствувал „агресивно“ во Црно Море, објавија дел од руските медиуми, повикувајќи се на неименувам извор од руските безбедносни сили на Крим.

Американскиот разорувач „УСС Рос“ се движел долж границата на руските територијални води.

– Екпажот на бродот дејствуваше провокативно и агресивно, што ги загрижи операторите на станицата за мониторинг и бродови на Црноморската флота. Воениот авион „Су-24“ демонстрираше подготвеност за брзо спречување на повреда на границите и одбрана на интересите на земјата, изјави неименуван извор.

Портпаролката на Пентагон, Илејн Лејнез изјави дека разорувачот „УСС Рос цело време се наоѓал во меѓународни води, изведувајќи рутински операции“.

Руското Министерсто се уште не го коментира настанот.

Инцидентот е најнов во низата средби меѓу руските и западните сили, а тензиите продолжуваат да се зголемуваат поради кризата во Украина и присоединувањето на Крим кон Русија.

Би можело да ве интересира

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски