Руската Федерација ќе го распореди новиот систем за звучно-термичко извидување Пеницилин во Украина како дел од специјалната воена операција.
Два руски извори, РИА Новости и Известија, најавија распоредување на системот „Пеницилин“, познат и како „1Б75 пеницилин“.
Како што се наведува во соопштението, нова серија звучно-термички извидувачки системи Пеницилин веќе е доставена до Министерството за одбрана на Русија.
Системот ќе се користи за борба против артилериски батерии, пишуваат два руски онлајн портали. Ова не е првпат руските вооружени сили да користат „пеницилин“ во Украина. Извештаите велат дека „Пеницилин“ веќе се покажал како успешен против артилеријата на НАТО во Украина“, односно како успешна контрамерка против артилериската муниција што ѝ ја доставиле на Украина нејзините сојузници.
Пеницилин е одговорот на Москва на „HIMARS MLRS“ испорачан од Вашингтон. Руските акустично-термички системи не испуштаат радио бранови, туку ја детектираат непријателската артилерија преку сеизмички и акустични сензори.
„Пеницилин“ припаѓа на новата генерација на оружје на Руската Федерација, развиен е во 2017 година, тестиран во 2018 година, а официјално стапи во служба на руската армија во 2020 година.