Русија и Турција ги продолжуваат заедничките патроли во Сирија

Од:

Руските и турските воени сили денеска продолжија со патролите во областа на деескалација на Идлиб по продолжена траса, и по првпат стасаа до градот Јерихон. Ова беше објавено пред новинарите во Центарот за помирување на завојуваните страни.

„За прв пат заедничката патрола стигна до градот Јерихон во провинцијата Идлиб. Должината на трасата е зголемена на околу 15 километри“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Патролата беше спроведена во делот на автопатот М4 што ги поврзува градовите Алепо и Латакија. Два руски БТР-82А и оклопни возила „Тигар“ вклучени од руската страна, а воздушната контрола ја вршат беспилотни летала на руските воздухопловни сили, пренесува ТАСС.

Би можело да ве интересира

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта