Русија и САД за три години заплениле повеќе од 10 тони хероин

Од:

Руските и американските сили на редот, во текот на последните три години, пресретнале пратки во кои имало повеќе од 10 тони хероин наменет за Русија, се вели во соопштението на Руската Федерална служба за контрола на опијати.

„Во последните три години, преземени се мерки кои овозможиле да се спречи повеќе од 10 тони хероин да пристигне во Русија. Двете држави изразија желба да ја подобрат ефикасноста на билатералната соработка”, се прецизира во соопштението.

Во меѓувреме, беше објавена и информацијата дека Москва го прекинала договорот за соработка со Вашингтон во правосудството и борбата против дрогата.

„Наредбата ја иницирало Министерството за надворешни работи, бидејќи споменатиот договор не е во склад со реалната состојба и неговите можности се исцрпени”, се наведува во соопштението на руската влада.

Договорот е потпишан на 25. септември 2002. година. Според овој договор, САД обезбедуваа финансиска помош на релевантни руски институции, во проекти за борба против криминалот.

Би можело да ве интересира

Падни пред нозете на Американците и капитулирај

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Ројтерс: Русија би можела да и предаде на Украина замрзнати средства во вредност од 300 милијарди долари