Русија и САД: Ова е астероидот кој и се заканува на Земјата

Од:

Астероидот „2004 ВД 17“ во 2032 година треба да помине покрај Земјата, а со тоа може да го уништи човештвото, велат руски и американски научници кои имаат различни идеи за тоа како да се спречи катаклизмата.

Универзитетот „Џон Хопкинс“ и рускиот Институт за истражување на вселената, предлагаат различни решенија за спасување на планетава од астероидот, кој според предвидувањата треба да помине на почеток на мај во 2032 година.

И едните и другите се согласни дека астероидот треба да се отфрли од Земјата, но Русите сметаат дека во него би требало да удри помал астероид и да го отфрли, додека Американците сакаат да исфрлат ракета и да ја отфрлат опасноста од орбитата.

asteroid-s1

Уште минатата година истражувачи од одделот за применета физика на Универзитетот „Џон Хопкинс“, започнале проект чија цел е исфрлање на астеоидот „2004 ВД17“ од неговиот пат.

Исфрлувањето со ракети би чинело околу 350 милиони долари и има поддршка од НАСА и Европската вселенска агенција, меѓутоа научниците од рускиот Институт за истражување на вселената, развивааат систем кој се базира на предизвикување судар со помали астероиди.

Според нив процесот би се одвивал така што во орбитата на Земјата ќе се лансира вселенски брод со лесномоторни ракети, кои би го фатиле мал астероидот и би го насочиле кон гравитационото поле на Земјата.

Кога тој ќе се доближи доволно близу до Земјата, гравитацијата би ги принудила помалите астеориди да се судрат со големите, кои се закана за планетава.

Инаку НАСА верува дека во периодот од 2017 до 2113 година, околу 400 различни астрономски тела би можело да дојдат во контакт со Земјата.

Научниците предвидуваат дека во далечната 2182 година, на планетава и се заканува опасност од контакт со астероидот „1999 РК 36“. Сударот со кое било од овие вселенски тела би можело да предизвика експлозија која во целост би го уништила човештвото.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина