Руски и американски претставници се пофалија со добрата соработка помеѓу двете земји во Вселената и покрај политичките тензии.
– Апсолутно си веруваме едни на други и на нас не влијаат политичките ветрови, изјави директорот на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин.
Директорот на Одделението за истражување и операции при НАСА, Бил Гестенмајер истакна дека Вселената ги споила двете држави.
Како партнери можам да кажам дека заедно работиме исклучително добро, посочи Гестенмајер.
Рогозин и Гестенмајер денеска присуствуваа на конференција во Москва по повод 20-годишнината од Меѓународната вселенска станица.