Русија и Јапонија разговараа за Курилските Острови

Од:

Руски и јапонски дипломати денеска во Москва разговараа во обид за обновување на прекинатите преговори за територијалниот спор поради кој овие две земји се уште немаат потпишано мировен договор по Втората светска војна.

Средбата меѓу рускиот заменик министер за надворешни работи Игор Моргулов, и јапонскиот заменик министер за надворешни работи Сингуке Сугијаме следат по посетата на јапонскиот премиер Шинзo Абе на Москва во април годинава.

Првата официјална посета на јапонски премиер на Русија во изминатите 10 години заврши со договор меѓу Абе и рускиот претседател Владимир Путин дека ќе направат обид за изнаоѓање решение за статусот на Курилските Острови, што советската Црвена армија ги зазема во 1945 година, а Токио бара да му бидат вратени.

– Согласно договорот меѓу нашите лидери, продолжуваме со разговорите за главните параметри и начини во однос на претстојните мировни преговори. Се надеваме дека ќе биде постигнат напредок со цел за развивање на нашето партнерство во повеќе полиња, изјави Моргулов на почетокот на средбата.

Би можело да ве интересира

Руската војска уништи 32 украински беспилотни летала

Унгарија попушти, ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

Руските сили интензивно напредуваат низ регионот на Доњецк

А1он

ВИДЕО: Руски патнички авион излета од пистата

Предраг Петровиќ

Доналд Трамп ги обвини Русите дека ги украле американски планови за хиперсонична ракета

А1он

Руско МНР: Москва е против замрзнување на конфликтот во Украина

А1он