Русија го суспендира нуклеарниот договор со Шведска

Од:

Рускиот премиер Михаил Мишустин потпиша наредба за раскинување на договорот со Шведска за размена на информации за нуклеарни објекти и за навремено известување за нуклеарна несреќа.

Документот е објавен на официјалниот и правен информативен портал, пренесува РИА Новости.

„Во согласност со став 1 од член 37 од Федералниот закон „За меѓународни договори на Руската Федерација“, Договорот меѓу Владата на Сојузот на Советските Социјалистички Републики и Владата на Шведска за навремено известување за нуклеарна несреќа и за размена на информации за нуклеарни објекти, потпишан во градот Стокхолм на 13 јануари 1988 година, со ова се раскинува“, се наведува во документот. На руското Министерство за надворешни работи му е наложено да ја извести шведската страна за одлуката, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Русите лансираа смртоносна нова ракета

Американски разузнавачи: Русија индиректно се приклучи на војната, помагајќи му на Иран во нападите врз американските трупи

„Вашингтон пост“: Русија го „храни“ Иран со разузнавачки податоци за американските воени објекти

(ВИДЕО) Мало дете падна од 8- ми кат: Стравична снимка кружи на мрежите

Предраг Петровиќ

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски