Русија го прекинува учеството во ПССЕ до крајот на годинава

Од:

Русија го прекинува своето учество во Парламентарното собрание на Советот на Европа до крајот на годинава, изјави вчера шефот на руската делегација во ПССЕ, откако Асамблејата одлучи до април да ги продолжи санкциите против 18 руски функционери како одговор на однесувањето на Москва во украинската криза.

ПССЕ усвои измена на резолуцијата за надлежностите на руската делегација, со која на руската делегација не и дозволува право на глас и учество во раководните органи на Собранието до април оваа година. Документот беше усвоен со 148 гласа, а 64 беа против.

Санкциите против 18-те членови на руската делегација беа воведени во април минатата година по анексијата на Крим од страна на Москва.

Во текстот се наведува дека Собранието повторно ќе го разгледа ова прашање на следната сесија во Стразбур од 20 до 24 април.

– Ние ги информиравме нашите колеги, раководството на ПССЕ, раководствата на политичките групи, дека доколку на Русија и бидат одземени основните права, тогаш руската делегација ќе го прекине своето учество до крајот на 2015 година. ПССЕ усвои несоодветно решение, кое нанесува многу сериозен удар врз општоевропскиот меѓупарламентарен дијалог, изјави претседателот на Комисијата за надворешна политика при Државната дума, Алексеј Пушков.

Според него, ваквата одлука на ПССЕ го поставува на дневен ред прашањето за напуштање на Советот на Европа од страна на Русија. Тој додаде дека прашањето за учество на Русија во СЕ ќе се разгледа кон крајот на годинава зависно од политичката ситуација во тој период.

Во резолуцијата, парламентарните претставници на 47 земји-членки на СЕ побараа од Русија да ја повлече својата војска од украинска територија и за 24 часа да ја ослободи Нада Савченко, пилот на украинското Воено воздухопловство, која е заробена од сепаратистите во источниот дел на Украина и однесена во затвор во Русија.

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Заменик-министерот за одбрана на Русија обвинет за поткуп од една милијарда рубли

Горан Наумовски