Русија го поздравува договорот што беше постигнат на средбата меѓу јужнокорејските и севернокорејските претставници одражана вчера во Пјонгчанг, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
– Ние се надеваме дека исполнувањето на договореното ќе помогне за намалување на тензиите на Корејскиот Полуостров, како и дека ќе придонесе за поголема стабилност во регионот, сенаведува во соопштението на Министерството.
Како што јави МИА, и САД преходно ги поздравија разговорите меѓу Северна Кореја и Јужна Кореја и пред се договорот за учеството на Пјонгјанг на Зимските олимписки игри (ЗОИ).