Русија го обвинува ОБСЕ: Шпионираат за Киев и ги прикриваат украинските злосторства

Од:

„Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) соработува со украинската влада и се обидува да ги прикрие злосторствата на украинските екстремистички сили“, изјави заменик претставникот на Русија во ОН на состанокот на Советот за безбедност.

Дмитриј Полјански ги критикуваше западните сили, велејќи дека се лицемерни во врска со безбедносната криза во Украина.

– САД и нивните сојузници ги следат сопствените себични интереси, а не интересите на украинскиот народ, кога поттикнуваат непријателства во таа источноевропска земја, рече дипломатот.

– Ги добивме најновите докази за тоа колку се валкани вашите трикови. Имаме докази дека Специјалната набљудувачка мисија на ОБСЕ во Украина едноставно шпионирала во полза на Киев, рече тој. Официјалниот претставник рече дека Русија собира повеќе докази за да започне постапка против набљудувачите.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

ISW: Лавров ги откри тајните претензии на Русија

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина