Русија го нападна Киев со дронови

Од:

Властите во украинскиот главен град Киев рано утрово ги повикаа жителите да одат во засолништа, еден ден по еден од најголемите руски воздушни напади од почетокот на војната во февруари. Според гувернерот на регионот Киев, во тек е напад со беспилотни летала. Предупредувањето до граѓаните градските власти во Киев го соопштија нешто по два часот преку нивниот канал на апликацијата Телеграм, додека низ градот одекнуваа сирени.

Гувернерот на Киевската област Олексиј Кулеба на Телеграм објави дека е во тек напад со беспилотно летало. Сведок за Ројтерс изјави дека слушнал неколку експлозии и ехо од противвоздушен оган на 20 километри јужно од Киев. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи изјави дека воздухопловните сили низ Украина одбиле 54 руски проектили и 11 беспилотни летала тој ден.

Тој призна дека повеќето региони во Украина биле погодени од прекини на електрична енергија по новото руско гранатирање, кое повторно ја таргетираше енергетската инфраструктура.

„Вечерва снема струја во поголемиот дел од Украина. Особено е тешко во регионот на Киев и во самиот главен град, во регионот на Лавов, во Одеса, Херсон и неговата околина, во Виница и Закарпатија“, рече тој.

Русија истрела десетици проектили во Украина, погодувајќи ги Киев, Лавов и Одеса на запад и други градови низ земјата, што е еден од најголемите воздушни напади од почетокот на војната.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски

Макрон: Ако руската армија ја пробие линијата на фронтот и Киев не повика, Франција ќе размисли за испраќање војници

Предраг Петровиќ

Русите објавија дека ослободиле уште едно село

Предраг Петровиќ