Русија ги повика другите земји да ги признаат украинските сепаратистички републики

Од:

Русија денеска ги повика другите земји да го „следат“ нејзиниот пример при признавањето на сепаратистичките републики во источна Украина, откако рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за нивна независност и нареди на руската армија да испрати таму војници како „мировни сили“.

– Русија ги повикува другите држави да го следат нејзиниот пример, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението се додава дека признавањето на двете самопрогласени републики Доњецк и Луганск од страна на Москва, што е осудено од Западот, „не било лесно, но е единствениот можен чекор“.

– Одлуката е донесена земајќи ја предвид слободната волја на народот на Донбас, врз основа на одредбите од Повелбата на ОН, Декларацијата за принципите на меѓународното право за пријателски односи меѓу државите од 1970 година, Конечниот акт на ОБСЕ и други основни меѓународни документи, пишува во соопштението на руското МНР.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната