Московските сили почнаа да покриваат дел од нивните напаѓачки авиони со автомобилски гуми. Аналитичарите велат дека тоа би можело да биде импровизиран обид да се заштитат од напади на украински беспилотни летала, пишува CNN. Сателитските снимки на Максар од воздухопловната база Енгелс, длабоко во Русија, покажуваат два стратешки бомбардери Ту-95 со автомобилски гуми на врвот на нивните трупови.
Овој потег може да има ограничен ефект, според Франциско Сера-Мартинс од компанијата за дронови One Way Aerospace, чии беспилотни летала ги користеле украинските сили. „Авионите сè уште ќе бидат видливи под инфрацрвените камери“, изјави тој за Си-Ен-Ен.
– Иако изгледа прилично глупаво, се чини дека тие се трудат со сите сили да ги оклопат авионите. Дали ќе работи зависи од тоа каква боева глава има на проектилот/дронот, рече аналитичарот Стефан Воткинс. Воен претставник на НАТО за Си-Ен-Ен изјави дека Алијансата е свесна за тоа.
Εικόνες του Maxar από στρατηγικά βομβαρδιστικά TU-95 με τοποθετημένα λάστιχα τροχοφόρων επάνω τους για προστασία από drone στη βάση του Ένγκελς.
Η Ρωσία θεωρούσε απρόσβλητες τις βάσεις των βομβαρδιστικών της και γι' αυτό δεν έφτιαξε ποτέ υπόστεγα/καταφύγια γι' αυτά… pic.twitter.com/g8WjPmw6hS— RealPolitik (@machiavelli_gr) September 5, 2023
„Веруваме дека гумите се наменети за заштита од беспилотни летала“, изјави претставникот за Си-Ен-Ен. „Не знаеме дали ова ќе има некаков ефект.
Во последниве недели, Украина станува се похрабра во гаѓањето на стратешки цели во Русија со беспилотни летала. Шест руски региони, вклучително и Москва, беа нападнати минатата недела во најголемиот напад со беспилотни летала на нејзина територија од почетокот на инвазијата. Во градот Псков, во близина на границата со Естонија, наводно биле оштетени неколку транспортни авиони кога дронови го нападнале аеродромот.
Претходно во август, Украина соопшти дека извршила напади со беспилотни летала врз базите со суперсонични бомбардери длабоко во руската територија.