Русија ги нападна Киев и Одеса со дронови и проектили, избувнаа пожари во пристаништето на Дунав

Од:

Утрово руски напад со беспилотни летала и проектили врз Киев и Одеса загина едно лице, а штети од пожарот што избувнал претрпе дунавското пристаниште Измаил.

За време на речиси тричасовниот напад на Одеса, беа оштетени неколку земјоделски и пристанишни објекти, додека избувнаа пожари во пристаништето Измаил, едно од клучните пристаништа за извоз на жито во Украина, изјави гувернерот на Одеса, Олех Кипер.

„Вработен во земјоделската компанија е тешко ранет, а подоцна починал во болница“, изјави Кипер.

Украинската противвоздушна одбрана собори 23 од 33 беспилотни летала и проектили лансирани кон тие градови. Кон Одеса и Измаил беа истрелани 25 беспилотни летала Шахед од иранско производство, седум крстосувачки ракети и една балистичка ракета Искандер.

Русија лансираше проектили и кон Киев, но противвоздушната одбрана ги собори сите, соопшти градската воена управа. Засега нема извештаи за штети или жртви.

Во војна која трае веќе 18 месеци, Русија редовно го напаѓа Киев и други места во Украина кои се далеку од бојното поле.

Би можело да ве интересира

Клучен разговор меѓу Трамп и Путин денеска

Макрон: Не ни треба руска дозвола за испраќање војници во Украина

Трамп утре ќе разговара со Путин за завршување на војната: „Веќе договараме за поделба на ресурси“

Катерина Ѓуровски

Москва предупредува: Времето истекува

На Москва не и се допаѓа специјалниот пратеник на Трамп за Украина и Русија

ВИДЕО: Украинците повторно нападаа рафинерија во Русија