Русија ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала

Од:

Денеска Русија повторно ги нападна Киев и другите украински градови со беспилотни летала, поради што претседателот Володимир Зеленски побара повеќе противвоздушна одбрана и ракети со долг дострел.

Украинската противвоздушна одбрана собори 72 од 76 беспилотни летала Шахед во 12 региони во центарот, југот и истокот на земјата, соопшти воздухопловството.

„Потребни ни се повеќе способности за зајакнување на воздушниот штит, повеќе воздушна одбрана и ракети со долг дострел за да продолжиме да ги штитиме животите и нашиот народ“, објави Зеленски, кој треба да отпатува во САД на крајот на овој месец.

Нема извештаи за жртви, но властите соопштија дека зградите во неколку делови на земјата се оштетени.

Градските власти на Киев соопштија дека остатоци од дрон паднале врз зграда во градската област Оболон северно од центарот, но не избувнал пожар.

Гувернерот на регионот кој го опкружува Киев рече дека остатоците од дронот оштетиле неколку приватни домови и една деловна зграда и скршиле прозорци на една висококатница.

Во јужниот регион на Одеса, шут оштети неколку деловни згради и приватни куќи и предизвика неколку пожари.

Би можело да ве интересира

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Калас: Русија претставува егзистенцијална закана за безбедноста на ЕУ

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина

Небензја: Прекинот на огнот во Газа мора да биде чекор кон долгорочен мир

Уапсени се украински команданти поради лошо организирана одбрана

Горан Наумовски