Русија ги критикува воените вежби на НАТО во Естонија

Од:

Воените вежби на НАТО „Trident Juncture“ (Спој на трозабецот), што почнаа на 9 и ќе траат до 17 ноември во Естонија, очигледно за цел ја имаат Русија, смета руското Министерство за одбрана.

Руското Министерство за одбрана забележува непријателска природа во оддржувањето на ваквите вежби.

– Цел на вежбите е разработка на сценарија и увежбување на различни кадри персонал во услови на напад од голема, непријателски расположена земја врз членка на Алијансата, рече Сергеј Кошлев, началник на Одделот за меѓународна соработка во руското Министерство за одрана.

– Географски гледано, освен Руската федерација, Естонија е опкружена со мали, пријателски нации. Затоа е логично да се заклучи дека фокусот на овие вежби е исклучиво Русија, рече Кошлев.

Уште во јуни тогашниот генерален секретар на НАТО, Андрес Фог Расмунсен, изјави дека Алијансата мора да го прифати фактот дека Русија на НАТО гледа од другата, противничката страна. 

Би можело да ве интересира

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Автобус полн со патници падна во река во Санкт Петербург

Горан Наумовски