Русија е подготвена да учествува во мировниот процес во Украина и покрај санкциите од ЕУ

Од:

Русија е решена да учествува во мировниот процес во Украина и покрај новите економски санкции на Европската унија кон  неа, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– И покрај тоа што позицијата на ЕУ не е конструктивна, Русија ќе продолжи да прави се што е во нејзина моќ, за да помогне во имплементирањето на постоечкиот мировен план, како и за стабилизирање на ситуацијата во југоисточна Украина во целина, рече Песков.

Претходно, руското Министерство за надворешни работи соопшти дека новите санкции на ЕУ покажуваат дека Унијата е против мировниот процес во Украина.

Според Песков, Русија жали поради тоа што ЕУ вовела нови казнени мерки и продолжила „да разговара со јазикот на санкциите, наместо да учестува во мирното решавање на кризата и тоа не само на зборови, туку на дело“.

Би можело да ве интересира

Захарова: „Имаме докази, вклучени се САД и Велика Британија“

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ

Американец кој се борел како платеник за Украина е осуден на 6 години затвор

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци