Русија денеска го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН

Од:

Денеска Русија го презема претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации – група земји одговорни за одржување на меѓународниот мир, решавање на спорови и борба против меѓународната агресија.

Кремљ соопшти дека планира да ги оствари сите свои права во Советот, а Русија ќе претседава со нејзините состаноци следниот месец. Последен пат Русија беше на чело на Советот во февруари 2022 година, кога ја нападна Украина.

Прес секретарот на Белата куќа Карин Жан-Пјер ја повика Русија да се однесува професионално. Таа додаде дека администрацијата „очекува Русија да продолжи да го користи своето место во Советот за ширење дезинформации“ и да ги оправда своите постапки во Украина. „За жал, Русија е постојана членка на Советот за безбедност и не постои изводлив меѓународен правен пат за промена на таа реалност“, рече таа.

Советот се состои од 15 члена. САД, Кина, Франција, Русија и Велика Британија се постојани, додека 10 други членки се избираат од Генералното собрание со мандат од две години. Неговото претседателство ротира меѓу членовите по азбучен ред секој месец.

Би можело да ве интересира

Северна Кореја и Русија ги здружија силите: Почнува производството на дронови

(ВИДЕО) Ретка снимка: Руски бомбардер напаѓа американски дрон

А1он

(ВИДЕО) Украина со дронови го нападна Ростов

Русија е подготвена за разговори за Украина

Торецк е под контрола на Русите

Русија спречи напад на Украина во областа Курск