Русија бара седница на ОН за кризата во Идлиб

Од:

Русија побара одржување на вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која би се разговарало за договорот за Сирија, што неодамна во Техеран го постигнаа Русија, Иран и Турција .

– Русија побара отворена седница имајќи го предвид интересот што повеќе земји членки на Советот за безбедност го изразија за резултатите од самитот на Русија, Иран и Турција. Нашата позиција произлегува од тоа што состојбата околу Идлиб, каде што се сконцентрирани клучните терористички сили, е во фокусот на вниманието, соопшти руската Мисија во ОН.

Сириската армија, поддржана од нејзините руски и ирански сојузници, започна напади врз Идлиб, која е единствената поголема територија под контрола на бунтовничките сили. Се проценува дека околу три милиони луѓе се наоѓаат на териториите под контрола на бунтовниците во Идлиб.

На самитот во Техеран, Турција побара прекин на огнот во Идлиб, но Русија и Иран го отфрлија ова барање и во изминатите денови нападите се заостри. Трите земји на крајот се согласија дека ќе го гарантираат територијалниот интегритет на Сирија, што беше сфатено како зелено светло за операцијата.

САД и други западни земји, пак, предупредија дека сириската армија планира хемиски напад врз Идлиб и се заканија дека ќе реагираат остро на секој ваков обид. Обединетите нации стравуваат дека освојувањето на Идлиб може да предизвика масовни жртви и нов бегалски бран кон Европа.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица