Русеф: Бразил е подготвен за почеток на Светското првенство во фудбал

Од:

Претседателот на Бразил Дилма Русеф ги отфрли критиките поради доцнење, финансиските пречекорувања и хаосот во текот на подготовките и потврди дека Бразил е подготвен за почеток на Светското првенство во фудбал.

– Бразил е подготвен на и надвор од терените. Песимистите се поразени со напорна работа и одлучност на бразилскиот народ што никогаш не се предава, изјави Рудеф синоќа во телевизиско обраќање пред почетокот на СП.

Првиот натпревар на програмата ќе гo играат домаќинот Бразил и Хрватска во Сао Паоло.

Бразил за подготовките пред СП во фудбал потроши околу 11,5 милијарди долари.

Подготовките предизвикаа голем број протести на граѓани, незадоволни поради трошењето толку многу пари на таков настан, додека недостига квалитет во јавните услуги, здрваството, образованието, безбедноста и транспортот.

Би можело да ве интересира

Глупоста е бесконечна: Бразилка мислела дека се допишува со Маск, му испратила пари за авионско гориво

А1он

Во Бразил клонирана втората најскапа крава во светот

А1он

(ВИДЕО) Се урна мост во Бразил, најмалку двајца загинати и осум исчезнати

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка во Бразил загинаа 22 патници

А1он

Бразилскиот претседател Лула да Силва е отпуштен од болница

ВИДЕО: Е*и се Илон Маск, не ти се плашам, порача првата дама на Бразил

Катерина Ѓуровски