Руперт Мардок се извини за антисемитската карикатура

Од:

Медиумскиот барон Руперт Мардок се извини за карикатурата објавена во „Сандеј тајмс” на меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, на која израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е претставен како гради ѕид со крвта и делови од телата на Палестинците, што еврејските лидери го означија како антисемитска пропаганда.

Карикатурата всушност е замислена како коментар на неодамнешните израелски општи избори на кои блокот на таканаречени јастреби, тврдокорните струи на израелската политичка сцена, освоија тесно мнозинство во Кнесетот (парламентот).

„Ќе продолжи ли цементирањето на мирот“, стоеше во потписот, што претставува алузија на мировниот процес кој е во застој и сепарациската бариера која ја подигна Израел кон Западниот Брег за да се оддели од Палестинците и да ги спречи самоубиствените бомбашки напади.

karikatura-netanjahu

Мардок на Твитер напиша дека карикатуристот Џералд Скарф, уметникот ветеран кој често претставува крв во неговите дела, не ја одразува уредувачката позиција на весникот.

„И покрај тоа, ние должиме големо извинување за гротескната и навредлива карикатура”, пишува Мардок, ги пренесуваат израелските медиуми извештаите на Асошиетед прес.

Би можело да ве интересира

Херцог го осуди Хамас за „ужасно“ кршење на договорот за прекин на огнот

Хамас: Телото на Шира било распарчено откако очигледно било помешано со други тела под урнатините

Горан Наумовски

Хагари: Припадниците на Хамас ги убиле децата заложници Ариел и Кфир Бибас „со голи раце“

Израел: Хамас сериозно го прекрши договорот, ова не е тело на мајката на двете момчиња

Иран се закани со трет бран ракетни напади врз Израел во „соодветно време“

Горан Наумовски

Хамас најави ослободување на шест израелски заробеници