Рубио разговараше со Лавров за следните мировни чекори

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио разговарал во неделата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на барање на Лавров, соопшти денеска Стејт департментот.

– По посетата на специјалниот пратеник Виткоф на Москва на 25 април, секретарот на својот руски колега му ги подвлече следните чекори во мировните преговори меѓу Русија и Украина и потребата од сега завршување на војната – се наведува во соопштението.

Стејт департментот забележува дека САД се „сериозни за олеснување на ставањето крај на оваа бесмислена војна“.

Руските медиуми објавија дека Лавров разговарал со американскиот државен секретар за клучните аспекти на руско-американскиот политички дијалог, кој во последно време значително се интензивираше.

Како што соопшти Министерството за надворешни работи на Русија, разговорот бил продолжение на продуктивната размена на мислења, а главниот фокус бил ставен на украинската криза.

– Во продолжението на разговорот што го одржа претседателот на Русија Владимир Путин со специјалниот пратеник на американскиот претседател Стивен Виткоф на 25 април, Лавров и Рубио ја истакнаа важноста од консолидирање на постоечките предуслови за почеток на преговорите со цел да се договори сигурен пат кон долгорочен и одржлив мир – се наведува во соопштението на руското Министерство.

Се додава дека шефот на руската дипломатија и американскиот државен секретар за време на разговорот допреле и други меѓународни теми.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Прва средба по повеќе од четири години: Лавров разговараше со германскиот шеф на дипломатијата Вадефул

Предраг Петровиќ

Мицкоски објави дека разговарал со Марко Рубио

Катерина Ѓуровски

Лавров: Да не се повлечеа Американците, ќе живеевме во мир веќе една година

Рубио: САД се горди што стојат покрај С. Македонија како доверлив сојузник и партнер

А1он

Рубио: САД не сакаат договор со Иран по секоја цена

А1он