Рубио: Мирот во Украина е клучен за отворање економски можности со Русија

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека мирот во Украина е клучен за отворање економски можности со Русија.

По разговорите меѓу делегациите на САД и Русија за Украина во Ријад, тој рече дека дел од фокусот е да се осигура дека дипломатските претставништва можат да функционираат и да водат диплатматски односи во живо и дека друг елемент на состанокот е да се спроведат мировни преговори за Украина, кои, според него, ќе вклучуваат „ангажман и консултации“ со Украина и „партнерите во Европа“.

Како трета тема, Рубио го истакна создавањето на извонредна можност, доколку овој конфликт дојде до прифатлив крај, а тоа е да се здружат силите со Русите геополитички, за прашања од заеднички интерес и економски, пренесува Гардијан.

-Се надеваме дека дипломатскиот дел ќе напредува прилично брзо, бидејќи вклучува ангажман на нашите мисии, рече Рубио на прес-конференцијата на американската делегација.

Би можело да ве интересира

Изласан е „големиот прекрасен“ закон на Трамп што го разбесни Маск

Песков: Москва не може да биде принудена на преговори

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) СБУ користеше дронови за напад на рускиот аеродром на Крим, уништени се хеликоптери

Горан Наумовски

Русија изгуби 1.017.720 војници во Украина

Ф-16 e соборен во Украина, загина пилотот

Горан Наумовски