Рубио: Кина би можела да го затвори Панамскиот канал во случај на конфликт со САД

Од:

Американскиот државен секретар Марко Рубио рече дека „нема сомнеж“ дека Кина ќе го затвори Панамскиот канал во случај на конфликт со САД, и затоа Вашингтон има намера да го реши ова прашање, кое го гледа како закана за националната безбедност.

Рубио, само неколку дена пред да ја посети Централна Америка на своето прво патување во странство по преземањето на функцијата, рече дека САД се загрижени за кинеското влијание врз Панамскиот канал.

Трамп ја обвини Панама дека го предал каналот на Кина по неговото инаугуративно обраќање на 20 јануари. Панамската влада категорично го негираше тоа.

Трамп вети дека САД ќе ја вратат контролата врз Панамскиот канал, но не прецизираше кога и како.

Панамскиот претседател Хозе Раул Мулино во четвртокот ја отфрли можноста за разговори со Рубио за време на неговата посета на земјата за преземање на контролата врз Панамскиот канал од страна на САД.

Би можело да ве интересира

Трамп планира да депортира 240.000 Украинци

Маск и Трамп отпуштаат 80.000 вработени во министерството за ветерани

Блиски соработници на Трамп тајно се среќаваат со ривалите на Зеленски

Катерина Ѓуровски

Трамп му се закани на Хамас

(ВИДЕО) Клучен самит на ЕУ лидерите: Подготвени сме на кошмарно сценарио

Новинарот Свон му пиша на Трамп: Укинете ги санкциите на Бајден за руските медиуми

Горан Наумовски