Руанда ја одбележува 25-годишнината од геноцидот

Од:

Со собир на голем број луѓе денеска во Руанда почна одбележувањето на 25-годишнината од геноцидот во оваа земја, кога беа убиени 800.000 Тутси.

Претседателот на Руанда Пол Кагаме положи венец на спомен-обележјето на загинатите во Гизосиј, каде се погребани повеќе од 250.000 луѓе.

Тој денеска го запали вечниот оган во знак на сеќавање во Меморијалниот центар посветен на геноцидот во главниот град Кигали.

Пламенот патувал низ целата земја, а денеска пристигнува во Кигали. Кагаме потоа ќе одржи говор на голем стадион во присуство на претставници од неколку земји и светски организации, меѓу кои е и генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун.

Тој смета дека геноцидот во Руанда е „голема дамка“ на ОН кои не го спречиле масакрот, иако во Руанда тогаш биле присутни 2.500 „сини шлемови“.

Руанда во неколку наврати ја обвини меѓународната заедница бидејќи не реагирала.

На одбележувањето на годишнината присуствуваат најмалку десет шефови на држави, како и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер.

Во 1994 година, владејачкото племе Хуту уби 800 илјади припадници на малцинското племе Тутси. Убиени се 20 отсто од жителите на Руанда, односно 70 отсто од припадниците на племето Тутси.

Би можело да ве интересира

Херојот на филмот „Хотел Руанда“ излезе од затвор

Британски суд: Законска е депортацијата на мигрантите во Руанда

А1он

Конго: Ако Руанда сака војна, ќе ја добие

А1он

Франција ја отвора архивата за периодот на геноцидот во Руанда

Ана Ололовска

Франција одговорна, но не е соучесник во геноцидот во Руанда

Во Париз уапсен бизнисменот кој го финансираше геноцидот во Руанда

А1он