Во Париз уапсен бизнисменот кој го финансираше геноцидот во Руанда

Од:

Во предградие на Париз утрово е уапсен најбараниот и главниот обвинет за геноцидот во Руанда, Фалитиен Кабуга.

Кабуга (84) во Париз живеел под лажен идентитет. Тој е обвинет за геноцид и злосторства против човештвото во Руанда во 1994 година, кога се убиени над 800.000 луѓе.

Кабуга беше главен финансиер на етничките екстремисти Хути, кои елиминирале членови на малцинската група Тутси, како и нивните политички противници.

Кубуга е основач и на злогласната Радио телевизија „Либре дес Милес Колинес“, која ги охрабруваше луѓето да ги убиваат сите од етничката група Тутси.

САД имаа понудено награда од пет милиони долари за информација која би довела до апсење на Кабуга. На Кабуга ќе му се суди пред Меѓународниот суд во Хаг.

На 6 април 1994 година беше соборен авионот со кој се превезуваше тогашниот претседател на Руанда, Јувенал Хабирман, припадник на Хутите. Екстремистичките Хути за соборувањето на авионот ја обвинија бунтовничката група Тутси.

Милитантната група Инерхамве, чиј основач е Кабуга, беше ангажирана во пронаоѓањето и елиминацијата на Тутсите.

Обединети нации и Белгија имаа распоредено свои сили во Руанда, но мисијата на ОН немаше мандат да го спречи геноцидот на Хутите. Околу два милиона Хути побегнаа во Демократска Република Конго.

Судот во Хаг веќе осуди десетина Хути поради геноцидот, а на стотици илјади им се судеше во Руанда.

Би можело да ве интересира

Уапсен е заменикот на Шојгу, осомничен е дека примил поткуп

Горан Наумовски

Претреси во Битола, приведени двајца дилери, пронајдена дрога

А1он

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески

Приведен 23-годишен дилер во гостиварско

А1он

Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

А1он

Тројца повредени во напад со нож во Париз