РТ Франс ќе поднесе жалба за „смртни закани“

Од:

РТ Франс, француската верзија на рускиот информативен канал РТ, „ќе поднесе жалба за смртни закани, пораки на омраза и навреди“, објави телевизијата денеска, три дена по инвазијата на Украина од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Париз.

– Во контекст на конфликтот во Украина, овие закани, добиени по е-пошта или споделени на социјалните мрежи, се насочени кон медиумот РТ Франс и, особено, на претседателката Ксенија Федорова, објави телевизискиот канал во соопштение.

Се додава дека „безбедноста на тимовите на РТ Франс е приоритет“, прецизирајќи дека ќе ја зајакнува безбедноста на своите простории онолку долго колку што е потребно.

ТВ каналот исто така ја потврди информацијата објавена во „Ле Монд“ од саботата, според која идната среда треба да се одржи генерален состанок, на иницијатива на раководството и синдикатите, „посветен на ситуацијата“.

Во четвртокот, францускиот медиумски регулатор, Арком, објави дека е исклучително внимателен во врска со информациите што ги емитува РТ на француски јазик и не исклучува, во случај на прекршување на однесувањето, процес на суспендирање на рускиот канал. Регулаторот има можност, доколку има акумулација на докази за прекршување на обврските на програмата на француски јазик од страна на РТ, да се обрати до претседателот на парничниот оддел на Државниот совет кој би можел да одлучи за суспендирање на емитувањата на телевизијата.

РТ Франс вели дека „го осудува политичкиот притисок извршен“ врз регулаторот, верувајќи дека тоа „се противи на правната основа насочена кон заштита на слободата на изразување“. „Регулаторот, во неколку наврати изјави дека внимателно го следи РТ Франс“, додаде тв каналот. РТ Франс потврдува дека „секогаш ги почитувала сите обврски наметнати со закон или со нејзиниот договор со АРКОМ“, со повеќе од четири години работа.

„РТ Франција никогаш не била санкционирана или гонета за ширење лажни вести или клевета, Од почетокот на украинската криза, РТ Франс го покрива овој настан на сеопфатен начин, изложувајќи ги сите гледишта на засегнатите страни“, се наведува во соопштението.

Финансирана од Русија, француската верзија на рускиот канал за вести РТ, варијација на РТ (порано Русија денес), започна со работа на 18 декември 2017 година.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата